недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Живот и стил

6 работи кои ги прават само вистинските пријатели

6 работи кои ги прават само вистинските пријатели

Вистинските пријатели секогаш ќе ви кажат се во лице и нема да остават некој друг да ви пренесе. Без оглед на грешките кои сте ги направиле, вистинскиот пријател никогаш нема да ве осудува или исмејува. Вистинскиот пријател е оној кој искрено ве сака и прифаќа онакви какви што сте.

Не зборуваат позади вашиот грб
Вистинските пријатели одбегнуваат непотребни драми. Оној кој шири гласини во врска со вас, тој всушност и не ви е пријател. Вистинскиот пријател секогаш ќе ви каже се во лице, а не на некој друг за тој да ви пренесе.

Тој не сака да се расправа
Вистинскиот пријател ќе ве прифати онакви какви што сте и нема да се обиде да ве промени. Значи, доколку не се согласувате, нема од тоа да направи расправија, туку едноставно на фин начин ќе ви го каже своето мислење.

Тој е секогаш поддршка
Вистинскиот пријател секогаш ќе ве поттикнува да продолжите да работите на остварување на своите цели и ќе ви помогне да ги исполните своите соништа. Дури и во тешките времиња, кога ви се чини дека е невозможно да успеете, тој ќе ве охрабри и ќе ве поттикне да станете уште подобра верзија на самите себе.

Тој не осудува
Без оглед на грешките кои ги правите, вистинскиот пријател никогаш нема да ве осудува или исмејува врз основа на интимните тајни кои со него сте ги споделиле. Сите грешиме, а вистинскиот пријател тоа го знае.

Тој е секогаш на ваша страна
Вистинскиот пријател секогаш ќе ви го чува грбот. Можеби нема да се согласувате во се, што е нормално, но тоа нема да го покаже пред другите, туку тоа ќе го решите на само.

Тој не е љубоморен на вашиот успех
Напротив, се радува на вашиот успех исто како да е негов личен.