сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 108
home Живот и стил

6 причини зошто луѓето родени во март се посебни

6 причини зошто луѓето родени во март се посебни

Се ближи крајот на тмурните зимски студени денови, а наскоро и официјално ќе почне пролетта. Месец март е прекрасно време за да станете мајка и прилично добар месец за да се родите.

Еве што вели науката за бебињата родени во март:

1. Голема е веројатноста дека ќе напредуваат во кариерата

Бебињата родени во овој месец најверојатно ќе седат на директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец.

Истражување докажа дека од 375 извршни директори 12,5% од нив биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште бидејќи мартовските деца се најчесто постари од останатите во одделение.

2. Помалку имаат проблеми со видот за разлика од нивните врсници родени во лето

Додека оние родени во јуни и во јули треба да проверат диоптрија, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Истражување спроведено на 300.000 војници откри дека родените во текот на летото имаат поголема веројатност да бидат кратковиди, додека децата родени на пролет ретко имаат проблеми со диоптрија.

3. Природно се оптимисти

Истражување од 2014 година откри дека луѓето родени во март, како и оние во април и во мај, имаат вроден оптимизам. Резултати од истражување покажаа дека токму тие имаат најпозитивен поглед на светот.

4. Помал ризик од астма

Во ова време од годината има многу полен и прашина и тоа е лошо за оние кои страдаат од алергија, но е одлично за бебињата родени во март. Според истражување од 2015 година, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сето тоа во раното детство го подобрува нивниот имун систем.

5. Веројатно се ноќни птици

Едно истражување за спиењето откри дека децата родени во пролет и лето генерално легнуваат подоцна од оние родени во есен и зима.

6. Во хороскоп ќе бидат Риби или Овен

Овие два знаци се познати по нивната решителност и страст, родените меѓу први и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние родените по 20 март се пролетни Овни. Инаку, Овните се познати како огнени и страсни луѓе.

Коронавирус