петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Живот и стил

25 сурови вистини за љубовта и за привлечноста

25 сурови вистини за љубовта и за привлечноста

Овие сериозни вистини ќе ви ги отворат очите и ќе ви помогнат да сфатите дека љубовта не е бајка.

1. Најтажната работа во врската е кога сте со некоја личност затоа што ѝ се допаѓате. Тоа е како да сакате да си кажете дека не сте доволно добри, па затоа одбирате да останете со таа личност.

2. Затворањето во себе нема да направи да исчезнат чувствата.

3. Љубовта не значи дека секогаш ќе се согласувате еден со друг и никогаш нема да имате расправии.

4. Вашиот партнер ќе го привлекуваат и други личности, но сè додека ве почитува, не мора да бидете заплашени поради тоа.

5. Без разлика колку сте интелигентни или рационални, сето тоа исчезнува кога ќе се заљубите. Понекогаш ќе се однесувате ирационално и глупаво. Ќе правите работи што не можете да ги објасните, а потоа ќе се прашувате што сте мислеле во моментот кога сте го правеле тоа.

6. Љубовта е избор што го правите секој ден. Не следете ги пеперутките во стомакот, тие се појавуваат и исчезнуваат. Пронајдете некој за кој сметате дека ќе биде сигурен и чесен партнер.

7. Само затоа што сакате некого, нема апсолутно никаква гаранција дека и тој некогаш ќе ве сака вас.

8. Секогаш ќе имате сомнежи, тоа е неизбежно.

9. Нека не ве залажуваат изгледот и добриот секс. Заштитете го срцето од нанесување болка.

10. Никогаш не бркајте никого. Ако некој не е заинтересиран за вас, вие не можете да направите ништо. Ниту една шема, стратегија или гест нема да го натера да ве сака и не треба да се промените за некој да ве сака. Покрај тоа, сигурно не сакате да бидете со некој што не ве сака такви какви што сте.

11. Привлечноста доаѓа и си оди, но рутината е најголемиот непријател. Ако сте во долга врска или во брак, треба активно да се борите против рутината. Ќе можете да го правите тоа само ако го сакате партнерот и ако се сакате самите себе. Тоа е постојана борба.

12. Сè уште може да сакате некого, но да не бидете заљубени во таа личност.

13. „Љубовта е сè што ви треба“ е бесмислена изјава. Љубовта е важна во една врска, но луѓето може многу да се сакаат еден со друг, а да се чувствуваат мизерно. За успешна врска се важни многу работи, а не само љубовта.

14. Повеќето луѓе се однесуваат прекрасно во фазата на меден месец, но откако ќе ве освојат, си го покажуваат вистинскиот карактер.

15. Колку и да сакате некого, колку и да имате заеднички работи, колку и да мислите дека сте совршени еден за друг, ништо од тоа не е важно ако немате исти чувства еден кон друг. Не постои совршена комбинација на зборови или дела што ќе ви помогнат да освоите некој што не е заинтересиран за вас. Таквиот обид може само да направи да изгледате очајно и непосакувано.

16. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека вашиот партнер нема да ве изневери и не можете да направите ништо за да го спречите тоа.

17. Љубовта и страста се две многу различни работи. Страста исчезнува со текот на времето, па добро е да имате со што да ја пополните празнината или вашата врска е осудена на пропаст.

18. Секогаш едниот партнер ќе сака повеќе.

19. Изгледот е важен. Тоа не е единствената работа што е важна, но луѓето што велат дека изгледот не е важен, или лажат или се обидуваат да ги смират вашите чувства.

20. Необичните карактеристики што ќе ве натераат да се заљубите во некоја личност, честопати се и причината поради која ќе престанете да ја сакате таа личност.

21. Ништо не може да го победи времето. Најсилните чувства што ги имате сега може да исчезнат за неколку години. Кога ќе кажете „ќе те сакам засекогаш“ можеби навистина го мислите тоа, но времето ќе ви покаже дека не сте биле во право.

22. Да се биде заљубен во себична личност може да биде болна стапица. Ако не го откриете навреме вистинското лице на таа личност и не си заминете, ќе бидете вечно врзани за неа и ќе се плашите да ја напуштите. Колку подолго ќе останете заедно, толку поудобно ви станува во таа врска.

23. Во ред е да бидете малку површни при изборот на партнер. Привлечноста е важен дел од врската. Не останувајте со многу добар човек ако тој не ве привлекува.

24. Недостатокот на комуникација во почетокот на врската може да биде причината за крајот.

25. Љубовта не е бајка. Две личности може да се сакаат еден со друг, но тоа не значи дека врската ќе функционира. Љубовта не е доволна, потребно е да вложите многу труд.

Коронавирус