недела, 12. јули 2020. Вести денес: 87
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Живот и стил

12 имиња за момчиња и девојчиња кои значат светлина

12 имиња за момчиња и девојчиња кои значат светлина

Сакате на своето бебе да му дадете име со убаво значење? Тогаш прочитајте ја листата со прекрасни имиња за момчиња и девојчиња кои значат „светлина“.

Алина – варијација на класичното име Хелена. Алина е многу популарно име во Русија, САД, Полска и Германија. Убав прекрар за Алина е Лила или Лена. Алина значи „светол“ или „светлост“.

Аурора – класично, поетско и убаво име на римската божица на зората.

Кјара – прекрасно италијанско име кое значи „светлина“ или „ведрина“. Освен во Италија, многу е популарно во Австрија, Германија и Швајцарија.

Елена – уште една верзија на Хелена.

Хелена – грчко име кое значи „онаа која зрачи со светлина“ и совршено ја опишува една од најубавите жени на светот, убавата Хелена.

Луција – коренот на зборот е латински, а значи светлина, сјај.

Нера – има еврејско потекло и според традицијата ова име го добивале девојчињата родени во период на Ханука, еден од најголемите еврејски празници. Името е многу популарно во Израел, а се повеќе се користи во Европа.

Зора – Зората го симболизира крајот на темницата и почетокот на светлината.

Анвар – арапско име кое значи светлина. Го популаризираа многу славни родители.

Киран – може да биде и за девојчиња и за момчиња.

Луцијан – верзија на ова име е Лукас.

Лукен – баскиско име кое значи светлина.

Парламентарни избори 2020