вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 188
home Живот и стил

10 работи што треба да се случат за да се заљубат две личности

10 работи што треба да се случат за да се заљубат две личности

Љубовта се појавува кога најмалку ја очекувате, па дури и тогаш, се прашувате што е тоа што ви се допаѓа кај другата личност. Иако тоа може да биде судбина или да се најдете на вистинско место во вистинско време, всушност постојат голем број работи што влегуваат во игра кога ќе се заљубите и ќе го пронајдете „совршениот“. Процесот на заљубување е малку посложен отколку што мислите, па прочитајте што ги тера луѓето да се заљубат.

1. Сличност
Велат дека спротивностите се привлекуваат, но најверојатно ќе завршите со некој што е сличен на вас бидејќи поголема е веројатноста тој да ви ја возврати љубовта.

2. Возвратени чувства
Очигледно, нема да бидете во посветена врска со некој што не се чувствува исто како вас. Тоа не значи дека не можете да се заљубите во него, но науката вели дека чувството да бидете посакувани може да биде доволно за да се направи разлика помеѓу пријателство и љубов.

3. Привлечност
Посакуваните карактеристики кај партнерот се разликуваат кај секого. На некои луѓе им е најважен карактерот на другата личност, додека на други им е најважен изгледот. Но, сите луѓе имаат аспекти на карактерот или на физичката привлечност поради кои трепери срцето.

Ако не ви е ништо привлечно кај личноста со која се состанувате, големи се шансите да не се заљубите во неа.

4. Општествено влијание
Општествените влијанија се оние што ги сметате за прифатливи. Тука спаѓаат возраста, потеклото и културата. Значи, ако имате 25 години и не ве привлекуваат постари мажи, тешко дека ќе бидете отворени за заљубување во некој што има 45 години.

5. Фактор на ризик
Ако барате љубов, одете на банџи-скокање или скокање со падобран. Да се најдете во адреналинска ситуација со друга личност е искуство што е поврзано со заљубувањето.

6. Исполнување
Луѓето во кои се заљубувате генерално исполнуваат некаква потреба во вашиот живот. Ова не се прави свесно, но луѓето бараат партнер кој е способен да пополни празнина во нивниот живот.

7. Х-фактор
Да се заљубите значи да најдете некој што има Х-фактор – нешто посебно што ќе ве воодушеви. Слично на привлечноста, тоа може да биде смисла за хумор, прекрасна насмевка или добро срце.

8. Подготвеност за врска
Изгледа дека ова не важи за жените исто како за мажите, затоа што генерално гледано, дури и кога жената вели дека не е подготвена за врска, ќе најде начин како да се справи ако се појави вистинската можност. Сепак, некои луѓе мора да бидат донекаде психички подготвени за да започнат врска.

9. Времето поминато заедно
Ако не поминувате квалитетно време со некого, тогаш сте осудени да останете во зоната на пријателство. Тоа што вие и партнерот ќе поминувате време насамо е од суштинско значење за заљубувањето затоа што ви дава можност да го запознаете подобро.

10. Мистерија
Зарем не е бизарно тоа што луѓето што не можете да ги сфатите се тие што ве привлекуваат најмногу? За среќа, науката докажа дека е сосема нормално да се случува тоа.

 

извор: kafepauza.mk

Коронавирус