среда, 24. јули 2019. Вести денес: 55
home Живот и стил

10 работи кои вистинските пријатели никогаш не би ги направиле

10 работи кои вистинските пријатели никогаш не би ги направиле

Нашите пријатели се од непроценлива важност. Понекогаш судбината влијае на тоа кој ќе влезе во нашиот живот, но вие одлучувате кого ќе задржите во него, со кого заедно ќе се движите, а кого ќе оставите позади себе. За да создадете позитивно опкружување околу себе, погрижете се луѓето околу вас никогаш да не ги прават овие работи.

Не ве озборуваат позади грб

Вистинските пријатели се дистанцираат од непотребни драми. Ако некој близок шири гласини или раскажува работи кажани во доверба, тогаш таа личност не е вистински пријател и не ја заслужува вашата доверба.

Никогаш не посегнуваат кон лични напади и ниски удари

Вистинските пријатели никогаш не би сакале да се чувствувате лошо и да имате лошо мислење за себе. Тие сосредоточуваат на вашите заеднички сличности, а не на разликите. Тие зборуваат за вашите квалитети, а не за вашите недостатоци.

Не се занимаваат со бесмислени караници

Вистинските пријатели треба да се прифатат меѓусебно и да ги почитуваат мислењата на своите пријатели. Секако дека нема секогаш да се сложувате со сѐ и дека ќе се карате, но сето тоа мора да има некакво ниво.

Не ве прекинуваат на секоја реченица

Вистинските пријатели не се толку опседнати со себе за да не бидат заинтересирани за тоа како се чувствувате вие. Вистинското пријателство не може да постои кога едниот цело време зборува и никогаш не со слуша другиот.

Не ги омаловажуваат вашите цели и соништа

Вистинските пријатели се подготвени секогаш да бидат искрени во вас, но тоа не го прават на суров или бесчувствителен начин. Наместо тоа, тие нудат конструктивни, корисни совети кои ве инспирираат да бидете подобри и ве поддржуваат во остварување на вашите цели.

Не се надмени и не се прават подобри од вас поради вашите грешки од минатото

Вистинските пријатели не се занимаваат со вашето минато, без оглед на тоа какво било. Вистинскиот пријател не треба да го губи своето добро мислење за вас. Наместо тоа би требало да ви понуди утеха и поддршка во животот.

Не ве напуштаат за време на неволји и чудни ситуации

Вистинските пријатели имаат доволно емоционална интелигенција за да знаат дека ако ве доведат на забава на која никого не познавате, не е океј да ве остават сами да седите во некој агол. Ова е само еден прост пример, но ја сфаќате паралелата.

Не се љубоморни на вашиот успех

Вистинските пријатели никогаш не би биле љубоморни кога нешто добро ќе им се случи на нивните пријатели.

Не ве осудуваат и не се обидуваат да ве поправат

Вистинските пријатели знаат дека е глупаво да се обидете да поправите некого, а и самите сте во уште поголем хаос. И тие знаат дека не сте совршени, но дека сте доволно добри.

Не го земаат вашето пријателство здраво за готово

Вистинскиот пријател знае дека пријателството треба да се негува и тие никогаш не би се однесува со вас како да сте крпа и ќе бидат покрај вас и кога треба да танцувате и да уживате, но и кога не ви е добро во животот.

Вил Смит има кажано прекрасна работа на оваа тема: „Ако сте отсутни во мојот живот за време на моите борби, не очекувајте да бидам присутен во вашиот живот за време моите успеси.“