понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 99
home Занимливости

Звучи неверојатно, но вистина е: Таа има 23 години, а веќе е баба (ФОТО)

„Среќна сум што сум баба, но сакав нешто повеќе за Марија и нешто повеќе за мене. Не ја спречив ќерка ми во венчавката бидејќи тоа е традицијата, тоа се случува.“
Звучи неверојатно, но вистина е: Таа има 23 години, а веќе е баба (ФОТО)

Рикда Станеску од Романија, ја родила својата ќерка кога имала само 12 години. Таа се надевала дека ќерка и Марија, нема да остане бремена во младоста.

Но Марија го направила токму тоа, на само 11-годишна возраст. Неодамна таа родила здраво машко бебе, па Рикда станала баба.

Рикда е родена во семејство и општество каде во нивната култура, бракот и мајчинството е нормално да се искусат на млада возраст. Кога имала 11 години, Рикда се венчала со 13-годишно дете избегнувајќи да се венча со момче кои татко и го планирал за зет.

Рикда се борела за нејзината ќерка да остане во училиште и да продолжи со образованието наместо да ги следи нејзините чекори. Но, и покрај напорите, Марија била венчана на 10-годишна возраст и веднаш останала бремена.

Иако Рикда не е воодушевена од одлуката, таа изјавила:

„Среќна сум што сум баба, но сакав нешто повеќе за Марија и нешто повеќе за мене. Не ја спречив ќерка ми во венчавката бидејќи тоа е традицијата, тоа се случува.“

Коронавирус