вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 179
home Занимливости

Зошто ставаме ѕвезда на врвот на елката? Има силно значење!

Зошто ставаме ѕвезда на врвот на елката? Има силно значење!

Ѕвезда, ангел или нешто друго. На врвот на елката луѓето ставаат разни украси, но на крај најважно е да ви се допаѓа вашиот избор.

Меѓу различните форми што ги избираат луѓето веројатно најпопуларна е витлеемската ѕвезда. Таа е детаљ што елката ја прави поубава, но дали го знаете одговорот на прашањето зошто баш ѕвезда?

Дел од украсите што ги ставаме на врвот на елката, а меѓу кои е и ѕвездата, своите корени ги имаат во религијата. На пример, некои луѓе на врвот на елката ставаат ангели што ги симболизираат ангелите што на овчарите им ја објавиле веста за раѓањето на Исус, додека ѕвездата ја симболизира витлеемската ѕвезда која, според легендата, ги водела трите мудреци до местото на раѓањето на Исус.

Приказната за ѕвездата се појавува во Библијата, во Евангелието по Матеј. Тој напишал дека по раѓањето на Исус во Витлеем, три мудреци од истокот дошле во Ерусалим, па се распрашувале каде е новородениот еврејски крал, бидејќи ја виделе неговата ѕвезда како излегува, па дошле да му се поклонат.

Кога го слушнал тоа кралот Ирод, се вознемирил, па ги повикал мудреците да ги испита за времето кога се појавила ѕвездата и им рекол да го известат штом го најдат Исус бидејќи и тој сакал да му се поклони.

Откако го сослушале кралот, мудреците заминале, а ѕвездата се движела пред нив и застанала на местото каде што се родил Исус. Потоа му се поклониле и го дарувале со злато, темјан и миризлива смола.

Многу луѓе веруваат дека ѕвездата била чудесен знак. Според тврдењата на некои теолози, ѕвездата го исполнила пророштвото. Астрономите во повеќе наврати се обидувале да ја поврзат ѕвездата со необични небесни случувања, како што е комета или супернова.

Современите научниците не ја сметаат приказната од Библијата за историско случување, туку за побожна фикција.

Во секој случај, ѕвездата за многу луѓе е омилен украс што секоја година се наоѓа на врвот на елката.

Локални избори 2021