среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Зошто се случува некој парфем да ви мириса поразлично од првиот пат кога сте го помирисале?

Зошто се случува некој парфем да ви мириса поразлично од првиот пат кога сте го помирисале?

Во просек, во носот има околу 400 рецептори, а од поединец до поединец се разликуваат за речиси 30%, тврдат научниците од центарот за хемиски мириси „Монел“ во Филаделфија.

Истиот мирис мириса различно на различни луѓе, а рецепторите се „виновни“ за се, пренесува „Daily Mail“. Дури и најмала промена во рецепторот значително го менува начинот на кој луѓето ги перцепираат мирисите, така што на некои, одреден парфем може да им мириса на сандалово дрво или ванила, а на други како чад или урина.

Причината за благ и силен мирис се крие во 140 различни рецептори, потврдија научниците кои во лабораторијатаклонирале 511 рецептори и ја проучувале нивната реакција на 73 различни мириси.

„Резултатите од истражувањето би можеле да им помогнат на научниците да создадат мириси. Крајната цел е да се открие на кој начин рецепторите ги декодираат молекулите на мирис и манипулираат за да го добиете саканиот парфем “, рече водачот на истражувањето, д-р. Џоел Мејнленд.

извор:попара.мк

Коронавирус