недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 89
home Занимливости

Зошто немате среќа во љубовта? Одговорот лежи во вашата потсвест

Зошто немате среќа во љубовта? Одговорот лежи во вашата потсвест

Постојат одлики на нашата личност за кои понекогаш не сме свесни, а кои стојат на патот на нашата среќа и личен раст

Многу луѓе не се во состојба да одржуваат емотивни врски и не се навикнати да ги наоѓаат причините за она што ја попречува нивната среќа во љубовта и што не им дозволува целосно партнерски да се реализираат.

Постојат одлики на нашата личност за кои понекогаш не сме свесни и кои стојат на патот на нашиот раст и оствареност.

Овој едноставен тест може да ви помогне да одговорите на прашањето што ве кочи и да размислите што треба да се промени.

Погледнете ја сликата и обрнете внимание на тоа што прво ви паѓа во очи, а потоа одговорот побарајте го во објаснувањата.

1. Ако прво видовте бела птица

Вашата скриена одлика што ве спречува да имате среќа во љубовта е страст за големи собири и дружења.

Ги сакате вашите пријатели, но не секогаш имате доволно време за индивидуални состаноци со нив, затоа имате тенденција да собирате луѓе во големи групи.

Убаво е, но во таква ситуација, вашиот партнер може да се почувствува запоставено. Потрудете се и тој да биде дел од вашето друштво и сите да се чувствуваат посебно. Не ги земајте дружењата здраво за готово.

2. Ако прво ја видовте Мона Лиза

Вашата скриена особина што не ви дозволува да бидете целосно реализирани и среќни во љубовта е тоа што сакате да бидете секогаш во центарот на вниманието.

Можеби за себе не мислите дека го окупирате вниманието на другите луѓе, но вистината е дека сте природно некој кон кого е насочено вниманието на околината. Не зависи толку од вас, колку што зависи од луѓето што ве сакаат и уживаат во вашите приказни.

Целиот свет може да биде сцена, но ако сте постојано на неа, ја пропуштате можноста да им се посветите на луѓето кои ви се важни и да се поврзете подлабоко со нив.

3. Ако прво го видовте бродот

Скриената одлика на вашата личност што ве тера да немате „мирен љубовен рај“ е љубовта кон авантурите и патувањата.

Да не беа патувањата, авантурите и големите ризици во кои уживате, немаше да бидете вие! Постојано барате нешто што ќе го подигне вашиот адреналин. Вам не ви е досадно, но имајте на ум дека не е лесно ако сакате да имате стабилна емоционална врска.

За среќна врска се потребни двајца, а вашиот партнер не може да се вложува и да го одржува „огнот на љубовта“ сам. Пронајдете средина меѓу времето што го поминувате со него и желбата за нови авантури.

ЕУРО 2020

Македонија