петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Занимливости

Зошто не треба да трчате со мобилниот во рака?

Зошто не треба да трчате со мобилниот во рака?
SSUCv3H4sIAAAAAAAEAJVRwUoFMQy8C/5D6XnhCd48ildR9Cgest3wCNu3kSRdkcf+u+22Cz0J3jozySSZXm9vnPMjKAX/4K4FZUwxJjUBI14yfTc0HicyFoJYyMJtu+LVwJKiFotGBTA859pKtv5jzkfF7hB2MXdkyb9/sZie3jAI1gWGrkjTWIqeSQPGCAtyUn/o2/CH7yvIrKeXZBOz/MOzPj6PCOCMS/jZD+0CEIwINYB2m38EGVnAPbHOHCjyCrtpdfLzt6Fc+sRWmpA7DGki7sJbOUAsDffd4JD/iS9tne0XIH1wE84BAAA=

Решивте да го зголемите нивото на физичка активност и да го доведете телото во топ форма. Трчањето е одличен избор на активност.

Денеска се достапни најразлични апликации што го мерат нивото на физичка активност, колку сте истрчале, со какво темпо, колку калории сте потрошиле… и сето тоа е достапно на вашиот смартфон.

Исто така, многу луѓе сакаат да се забавуваат со музика додека трчаат и составуваат свои плејлисти за мотивација.

Без разлика дали менувате песна на плејлиста или проверувате колку калории имате потрошено, тоа значи дека мобилниот ви е во рака додека трчате.

Оваа навика може да се одрази негативно на вашите фитнес резултати, но и на телото.

Просечниот смартфон тежи од 140 до 200 грама. Иако можеби тоа не ви се чини како многу, и најмала нерамнотежа во распределбата на тежината додека трчате може да има влијание, особено ако притоа и ја стискате дланката за да го држите уредот во рака.

Кога трчате, целта е да одржите доследен ритам. Еднаквата распределба на тежината и замавнувањето со рацете овозможуваат рамномерно трчање. Кога имате нешто во рака, тоа предизвикува асиметрија во држењето на телото, а со тоа и на движењето при трчање.

Телото ќе се обидува цело време да ја надомести тежината на спротивната страна од онаа каде натежнува телефонот, што дополнително ги оптоварува мускулите. Тоа може да доведе до напрегање и повреди, особено на рамената, колковите и колената.

Исто така, ако го држите телефонот во рака, ви го одзема вниманието и фокусот од трчањето, а исто така го згоелмувате ризикот да ви падне и да се оштети, што ќе ви предизвика само дополнителен стрес и трошоци.

Решение?

Пред сѐ, посветете се на трчањето. Тоа не е време да проверувате нотификации или да зборувате на телефон. Составете плејлиста која ви одговара на стилот и темпото на трчање и во која нема да мора да „скокате“ песни.

Оставете сѐ што можете дома или во автомобилот пред да почнете со трчање. Инвестирајте во несесер-торбичка за на појас ако мора да носите клучеви или пари со вас.

За да може да слушате музика и да ги следите инструкциите на апликацијата за трчање, за смартфонот набавете футрола што се става на надлактицата, како и квалитетни слушалки за трчање кои нема да ви паѓаат и да ви го одземаат вниманието.