сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Зошто мажите се сами?

Зошто мажите се сами?

Кои се причините зошто мажите немаат партнерки – според нивното сопствено мислење?

Лошиот физички изглед и недостатокот на самодоверба се меѓу главните причини зошто мажите се сами, покажува студијата на Манеалос Апостолоу, професор на Универзитетот во Никозија, кој истражувал зошто мажите се сами.

Професорот го поставил прашањето „Зошто сте сами?” на Reddit и добил преку 20.000 одговори. Потоа, истражувачите анализирале 13.429 одговори, пред да ги поделат во 43 категории.

Најчести причини кои мажите ги наведуваат зошто се сами се лошиот физички изглед, а потоа недостатокот на самодоверба и недоволната заинтересираност за љубовна врска.

Меѓу најчестите одговори се и неумешноста за флертување, но и срамежливоста на мажите. Тоа што некои мажи не знаат како да им пристапат на жените, може да биде и природно, а истражувачите сметаат дека зад тоа се кријат еволуциски причини.

Со векови наназад, браковите биле договарани, а имале малку избор помеѓу жените, но факт е дека изгледот не бил важен и дека не морале да „играат игра” за да привлечат некого од спротивниот пол.

Непривлечните мажи и оние кои не се снаоѓале баш добро во друштво, сепак имале партнерки бидејќи сè било договарано. Во денешно време, ова повеќе не е случај во повеќето култури.