четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Зошто луѓето се „опседнати“ со временска прогноза и дали таа има смисла?

Зошто луѓето се „опседнати“ со временска прогноза и дали таа има смисла?

Не заборавајте да земете чадот, бидејќи е облачно. Понесете очила, времето ќе биде многу топло и сончево.

Се чини „опседнатоста“ со временската прогноза е присутна кај многу луѓе. Често при вртење на телевизиските канали застанувате на оној каде во тек е временската прогноза, а деталните извештаи на мобилните телефони се нешто што не прескокнувате да го видите.

Какво ќе биде времето за 1 Мај, а за следниот викенд? Ќе има ли дожд?

Временските прилики се основа на секој разговор. Истражувањата покажале дека дури 94 проценти од луѓето го споменуваат времето барем еднаш во еден час разговор. Колку пати самите често споменувате дека температурите се превисоки или прениски.

Првата временска прогноза е објавена во 1861 година во весникот Тајсм. Истата година се појавиле и прогнозите со мапа. Војската преку радио станиците добивала извештај за времето уште од 1911 година, додека првата јавна објава била во Бостон во 1925 година.

Првата телевизиска временска прогноза е во 1936 година на Би-Би-Си, а од 1949 година е пракса која трае и денеска.

Презентерите на временската прогноза се познати, а во светските ТВ станици по водителите на централната информативна програма, тие се најплатени, пишува Форбс. Тие се лицата на кои луѓето најчесто најмногу им веруваат.

Метеоролгијата во изминатите децении значително напредуваше. Денеска тридневните прогнози се многу поточни од оние пред 20 години.

Но, која од апликациите ужива најголема доверба. Најголем дел од луѓето ја посочуваат AccuWeather, потоа Weather Underground и World Weather Online.

Коронавирус