петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Зошто го гледаме својот здив кога е надвор студено?

Зошто го гледаме својот здив кога е надвор студено?

Човековото тело се состои од околу 60 проценти вода, што значи дека кога вдишуваме, не издишуваме само јаглерод-диоксид – туку и одредена количина на водена пареа.

На молекулите вода им е потребно многу енергија за да останат во гасовит облик.

Кога молекулите на топла водена пареа од вашите бели дробови доаѓаат до постудениот воздух, се кондензираат во “ситни капки течна вода и мраз”, наведува сајтот “Wonderopolis”. Овој процес на кондензација исто така е начин на создавање на облаците, пишува “Mental Floss”.

Всушност релативната влажност, не само температурата, одредува дали ќе можете да го видите сопствениот здив.

Водената пареа во вашиот здив се кондензира во течноста кога ќе дојде до точка на роса – температура при која воздухот е заситен и не може повеќе да ја задржи водата во облик на гас.

Со оглед на тоа дека студениот воздух не може да задржи толку водена пареа како топлиот, поверојатно е дека ќе видите својот здив кога е студено, но тоа не секогаш е така.

Во повлажните денови можеби ќе можете да го видите вашиот здив дури и кога е надвор топло. Тоа е затоа што воздухот е веќе заситен, што ја прави точката на роса повисока.

Во сувите денови, дури и кога е надвор студено, можеби воопшто нема да го видите здивот, бидејќи сувиот, незаситен воздух, може да задржи повеќе водена пареа.

извор: tocka.com.mk