среда, 18. септември 2019. Вести денес: 33
home Занимливости

Зошто бебето треба да спие со мајката до третата година?

Зошто бебето треба да спие со мајката до третата година?

Бројни истражувања покажале дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако детето треба да спие само.

Поради тоа експертите препорачуваат мајките да спијат во ист кревет или барем иста просторија со бебето до третата година од неговото раѓање.

Експертите исто така тврдат дека бебињата кои им заспиваат на мајките на гради спијат подобро отколку оние кои спијат во колевка или во креветче. Ова истражување било спроведено на Универзитетот Кејп Таун во Јужна Африка и покажува дека ако спијат одвоено, на мајката и детето им е потешко да се поврзат.

Интересно е што истражувачите нагласуваат дека спиењето одвоено од мајките влијае на развојот на мозокот на бебињата и понатаму низ животот може да се одрази во форма на проблеми со однесувањето.

Сепак, научниците препорачуваат бебето да спие на гради кај мајката само кога таа е будна, а остатокот од времето да спие во креветче или колевка, за да не се случи мајката да го повреди ненамерно во текот на спиењето.