четврток, 22. август 2019. Вести денес: 99
home Занимливости

Знаете ли зошто сите патнички авиони се во бела боја?

Знаете ли зошто сите патнички авиони се во бела боја?

Сигурно сте забележале дека логото или натписот на авионите секогаш е ставен на бела подлога. Тоа не е случајност.

Некои примероци на „небесните птици“ доаѓаат и во други бои и изданија, но речиси 99% од сите патнички авиони се во бела боја. Причини за тоа има неколку, но како и секогаш, најважни се оние од безбедносна природа.

Имено, на бела боја најлесно се воочуваат пукнатините, истекувањето на маслото и останати различни проблеми кои може да се случат доколку леталото е неисправно, а на тој начин и најбрзо ќе се реши проблемот.

Исто така, белата боја најдобро ја одбива светлината и топлината, што е многу важно бидејќи го намалува загревањето на авионот. Покрај тоа, белата е една од боите кои најлесно се забележуваат на небото, во случај на судар или лоши временски услови. Тоа е и единствената боја која не може да избледи.

Секако за изорот на оваа боја постојат и економски причини, бидејќи бојадисувањето на авионот е и долг и прилично скап процес, а поради наведените предности на белата боја, нема ни потреба да се бојадисуваат. Дополнително, истражувањата покажале дека обоените авиони потешко се продаваат, па тоа е уште една дополнителна причина зошто авионите се бели.