петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Занимливости

ЖИВОТ ВО ЛЕР: Запознајте ги овие пет места каде што нема автомобили (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Издвојуваме пет места на светот каде нема ниту еден автомобил.
ЖИВОТ ВО ЛЕР: Запознајте ги овие пет места каде што нема автомобили (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

За повеќето луѓе автомобилот денес претставува нужност, чувство на слобода и удобност, но овие примери докажуваат дека е можно да се живее сосем различно.

Издвојуваме пет места на светот каде нема ниту еден автомобил.

1.Нитхорн, Холандија

Во овој холандски град наместо патишта има канали. Познат е како Венеција на сверот, Нитхорн стана голема туристичка атракција за оние кои сакаат да искусат едноставен живот и да уживаат во дестинација каде нема бука од автомобили, туку звук на птици, ветер и дожд. Градот го направиле група бегалци во 1230 година, а кога ја нашле оваа локација, прво забележале многу рогови од каза, претпоставувајќи дека тоа е остаток од претходните поплави. Поради тоа на градот му го дале името Нитхорн, што значи рог од коза.

Неверојатен симбол на овој град е системот на канали со кои жителите ги користат за превоз. Колонизаторите први направиле канали , а денеска бродовите со малите електромотори весело поминуваат покрај нив. Преку зима каналот се смрзнува па начинот на движење е лизгање.

2.Остров Макино, Мичиген

Околу 500 луѓе се населени на островот Макино, кои се наоѓа на езерото Харон, но преку лето тој број значајно се зголемува со доаѓањето на туристите. Меѓутоа, сите посетители се предупредени: Автомобилите овде не се дозволени! Тие на островот се забранети од 1898 година, а ако сакате негде да стигнете имате опции, пешки, велосипед или кочија која ја влече коњ.

Пред забраната, туристите ги носеле своите автомобили на островот и тоа ги плашело коњите и го нарушувал општото чувство на мир кој владеел на островот, па градските власти се решиле дека најдобро е потполно да ги забранат, единствено се прави отстапка за возило на брзата помош.

3.Хидра, Грција

Овој остров се наоѓа во Егејското мореа, а истоимениот град е класичен грчки град, белите куќи покриени од брда, а во близина погледот го мами прекрасното сино море. Она што го држело овој остров така чист и единствен е конзервативниот закон за неговото сочувување, кој забранува изградба на нови недвижности кои би го нарушиле изгледот на градот, како довезување и возење автомобили.

Освен тоа, улиците се претесни за на нив да има возило дури и кога би смеело да се вози.

4.Фајр Ајланд, Њујорк

Островот се претпоставува дека го добило името по огнот кој гусарите го запалиле на неговите брегови. Тој е познат по својата величина и фактот дека на него нема автомобили.

Имено, иако е скоро 50 километри долг, островот е широк 0,4 километри, поради што на него било невозможно да се изградат широки патишта.

5.Сусак, Хрватска

Овој неверојатен остров е познат како вистинска оаза на мирот, а на него никогаш немало автомобили, не поради тоа што се со закон забранети туку не можат да се донесат на островот, на пристаништето доаѓа само брод, затоа што за траект е премногу плитко.

А и кога би дошле автомобилите улиците би биле претесни за нивното минување. Луѓето најчесто се служат со количка за пренесување на работи.

Коронавирус