недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Занимливости

Зимско сметање на времето: Стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад

Зимско сметање на времето: Стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад

Во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.