вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 173
home Занимливости

Жените најмногу сакаат доктори, а мажите се „палат“ на жени од овие професии

Жените најмногу сакаат доктори, а мажите се „палат“ на жени од овие професии

Жените кои сакаат да исправаат неправди, а притоа остануваат ладнокрвни и не драматизираат. Ова е добитната комбинација за мажите кога се во прашање нивните желби.

И додека жените главно најмногу сакаат доктори, едно истражување покажа дека на  мажите најчесто им се допаѓаат адвокатки или новинарки.

Освен адвокатки, кои истовремено се борат за човековите права, на врвот на машката листа се наоѓаат и новинарките, бидејќи нив мажите ги доживуваат како интелигентни, со брзи реакции и секси стил.

Доколку сте маж, треба да знаете дека доктор е најпривлечната професија за жените, кои ги гледаат како грижливи, полни со поддршка и авторитет.

Истражувањето го спроведе Мари Балфор, која ја предводи првата британска агенција за пронаоѓање двојки со навршени 30 години.

Адвокатките кои се борат за човековите права и новинарките беа оценети како најпривлелни и „жени од сништата“, додека за жените тоа беа докторите, архитектите или некои креативни занимања.

Оваа анкета покажува дека модерните жени очигледно бараат маж кој се занимава со креативна работа или оние во кои се искажува грижа кон другите, додека моќниците, како што се банкарите, се во втор план.

Локални избори 2021