сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Жена херојски влетала во замрзнатата вода од базенот како би го спасила своето куче- оваа видео снимка ќе ве облее со емоции (ВИДЕО)

Жена херојски влетала во замрзнатата вода од базенот како би го спасила своето куче- оваа видео снимка ќе ве облее со емоции (ВИДЕО)

Жена од сојузната американска држава Тенеси скокнала во замрзнат базен во својот двор за да го спаси кучето кое падна внатре додека си играше со друго куче.

-Беше тоа под адреналин. Ветеринарот ми рече дека ова е вистинско чудо, вели Џени Тејтум за АБЦ 2, раскажувајќи како го спасила своето милениче.

Како што наведува телевизијата двете кучиња од расата питбул си играле во снегот во дворот на Џени кога едно од кучињата по име Сид паднало во заледената вода.

Таа на видеото се гледа како го фрла телефонот и влегува во вода за да трага по него.

-Врискав бидејќи сакав да знам каде е и дали би можел да исплива на површина. Моите раце беа со рани додека го кршев мразот, но тоа не е важно вели сопственичката на кучето кое за среќа е спасено.

Коронавирус