среда, 12. мај 2021. Вести денес: 9
home Занимливости

Завршил во болница откако ја изел најлутата пиперка во светот

Завршил во болница откако ја изел најлутата пиперка во светот

Маж кој учествувал на светски натпревар во јадење лути пиперки во Њујорк завршил во болница поради тежок облик на главоболка.

Триесет и четири годишниот маж изел пиперка позната како „Carolina Reaper”, која во 2013 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута пиперка во светот.

Мажот бил хоспитализиран откако со денови имал неподнослива главоболка.

Неговиот случај е објавен во магазин како прв кој е поврзан со консуминирање на лути пиперки.

Докторот кој го следел неговиот случај ги предупредува сите кои јадат лути пиперки, доколку почувствуваат слични симптоми да се јават на лекар.

Силните главоболки се предизвикани со изненадно собирање на крвните садови кои мозокот го снабдуваат со крв.

 

Коронавирус