понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 97
home Занимливости

Заработуваме во Скопје, а трошиме на Халкидики

Заработуваме во Скопје, а трошиме на Халкидики

Повеќе од милион македонски туристи лани летувале во Грција, при што потрошиле 155 милиони евра, покажуваат статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција. Според податоците лани речиси еден милион и двесте илјади Македонци ја посетиле Грција што е за 25 проценти помалку од претходната 2017 година.

Грчките плажи, таверни и дискотеки се полни со македонски туристи. Од раните утрински часови на плажа, преку ден во таверна и вечерта се до повторното изгревање на сонцето во дискотеките,  Македонците се важен „муштерија“ за угостителите во Грција, особено во Халкидики.

„Генерално има два вида туристи од Македонија. Едни кои живеаат убаво и трошат премногу, а други кои се дојдени со домати и леб од Скопје и тие оставаат пари само за сместување. За нас секако оние првите се подобри“, вели во изјава за Скопје Инфо грчки угостител и сопственик на сместувачки капацитети.

„Од плажи најчесто ги преферираат модерните и поскапи плажи. Тие се убаво уредени, но водата не е многу чиста. Ова важи за помладите, додека повозрасните сакаат помирни плажи како оние во Калитеа“, додава тој.

Вечерните часови Македонците ги поминуваат во таверна, тие се резервирани за поврзасните и фамилијарни туристи. Додека помладите уживаат во некој од баровите, а остатокот од вечерта од новото изгрејсонце го дочекуваат во некој од популарните ноќни клубови во Халкидики.

„Македонците се чести гости тука. Буквално сакаат да се забавуваат и не штедат. Генерално многу сме задоволни од нивната опуштеност и дарежливност. Се случува друштво од 5 луѓе да потрошат и по 500 евра во една вечер“, вели Србин кој е на привремена работа во Грција.

Додава дека дискотеките во Грција генерално живеат од туристи од Македонија и Србија, а последно време и од Косово. За време на викендите тие се 70% од гостите, додава тој.

Извор: skopjeinfo.mk