петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Замастен црн дроб, сѐ почеста болест во западните држави

Замастен црн дроб, сѐ почеста болест во западните држави

Нездравата исхрана и премалку движење може да резултираат во развојот на замастен црн дроб (NAFLD), односно болест на најголемата жлезда во човечкот тело која не е предизвикана од прекумерно консумирање алкохол и влијае на се повеќе луѓе во западните земји.

-Виновникот за тоа е нашиот животен стил. Комбинација на висококалорична храна богата со јаглехидрати и хроничен недостиг од вежбање, вели Николај Ворм, професор по исхрана на факултетот во Сарбрикен.

Тој тип на исхрана го снабдува телото со многу „горива”, кои, ако нема вежбање, на телото не му се потребни, поради што вишокот калории го претвора во масти.

Ако масното ткиво не е добро снабдено со крв, што е повторно прашање на вежбање, го губи својот капацитет за складирање. Затоа телото ќе бара ново место за складирање на вишокот маснотии и ќе го најде во абдоминалната празнина. Првенствено во црниот дроб, вели Ворм.

Ако не се открие навреме, замастениот црн дроб може да предизвика дијабетес тип 2 или цироза.

Луѓето кои се препознаваат себеси во овој начин на живот треба да одат на лекарски преглед, дури и ако не се загрозени, советува Ворм.

За NAFLD нема лекови и најдобар лек е – промена во исхраната.

-Тоа значи помалку шеќер, вклучувајќи и фруктоза. Тоа е најважното нешто, вели Ворм.

-Нема сокови, нема „смути“ и што помалку храна богата со скроб.

Пациентите, исто така, треба да ги избегнуваат рафинираните јаглени хидрати, како што е белото брашно.

Професорот препорачува подолги интервали помеѓу оброците, најмалку четири до пет часа, бидејќи пациентите со замастен црн дроб имаат високи новоа на инсулин по јадење.