вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Занимливости

Зад совршените фотографии се крие друга приказна: После ова што ќе го видете нема да верувате во се на Инстаграм (ФОТО+ВИДЕО)

Зад совршените фотографии се крие друга приказна: После ова што ќе го видете нема да верувате во се на Инстаграм (ФОТО+ВИДЕО)

Во време кога постојат апликации за скоро се и сешто, тешко е да се помисли дека може да помине ден, а да не употребиме некоја од нив, макар и само еднаш во текот на домот.

Една од таквите апликација секако е Инстаграм, преку која макар на кратко можеме да ги посетиме далечните предели кои го одземаат здивот или да скокнеме во некоја авантура, за која инаку нема да имаме храброст сами да ја изведеме.

Full video (link in bio)! @a_mavrin #MAVRINmodels #MAVRIN #VikiOdintcova #Dubai

A post shared by VIKI ODINTCOVA (@viki_odintcova) on

Кај многу фотографии кои по правило се совршени, малку кој би помислил дека зад нив се крие некоја потполно друга приказна, која е се само не совршена.

Милиони луѓе секојдневно на Инстаграм објавуваат феноменални фотографија со желба својот живот на други да им го претстават како бајка и без маани. За тоа користат филтри, бизарни агли на фотографирање, а понекогаш за фотографијата да собере голем број лајкови, го ризикуваат и својот живот.

PSA: Sharks are cute and can nibble at times if not careful ?

A post shared by ♥ Katarina Elle Zarutskie ♥ (@katarinazarutskie) on

Дека луѓето се трудат да направат перфектна фотографија за Инстаграм, покажа и студентката и модел, 19 годишната Катарина Зарутские од Калифорнија, која заради идните лајкови, заплива со ајкули на Бахамите и притоа едвај извлекла жива глава.

Во секој случај треба да се знае дека совршените фотографии не настануваат само со еден клик. Оние најупорните поминуваат часови и часови фотографирајќи се, како би дошле до онаа вистинската фотографии, која ќе ги воодушеви новите следачи на социјалните мрежи.

Како би докажала на луѓето дека фотографиите доста често се далеку од реалноста, Чомпу Баритон, фотограф од Бангкок, со години наназад се труди низ едноставни примери да ги открие сите оние совршени кадри на социјалните мрежи.

Значи дека не треба да се верува во се што гледаме на Инстаграм и на другите социјални мрежи, затоа што животот не е совршен, но луѓето се трудат да го прикажат таков.

Коронавирус