петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 100
home Занимливости

Забрането за помлади од 14 години: На овој ресторан му досадија немирни деца, па преземаа ригорозни мерки

Забрането за помлади од 14 години: На овој ресторан му досадија немирни деца, па преземаа ригорозни мерки

Ресторан на германскиот туристички остров Риген во Балтичкото море, забрани доаѓање на деца во вечерните часови.

-Размислувавме за тоа веќе некое време, кажа Рудолф маркл, управник на ресторанот „Omas Kueche“(Кујната на баба), во градот Бинз.

Гостите под 14 години веќе нема да можат во ресторанот затоа што не знаат да се однесуваат, а родителите за тоа не се грижат.

-Децата ги задеваат гостите на соседните маси, ги влечат прекривките и буткаат чаши со вино. А родителите тоа го гледаат со насмевка, продолжуваат да јадат и не им е гајле. Без нив, гостите конечно ќе ја имаат својата оаза на мирот, тврди Маркл.

Претседателот на сојузот на хотели и ресторани во германскиот регион Мекленбург- Западна Померанија, каде се наоѓа Риген, не е среќен поради оваа одлука, но нагласува дека секој угостител има право да ја води својата работа како сака.

-Но, ние во Мекленбург- Западна Померанија настојуваме да бидеме пријатели на децата, изјавил Ларс Шварц.

Коронавирус