сабота, 15. август 2020. Вести денес: 70
home Занимливости

За време на говорот во собранието пратеник извади прстен и ја запроси својата колешка од истата партија (ВИДЕО)

За време на говорот во собранието пратеник извади прстен и ја запроси својата колешка од истата партија (ВИДЕО)

Флавио ди Муро, пратеник на Северната лига во Италија, за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео.

– Елиза, ќе се омажиш ли за мене?, праша Ди Муро.

Девојката, инаку, е од истата партија.

Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.

Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.

Коронавирус