петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 25
home Занимливости

За секаква осуда: Го стави кучето во машина за перење за популарност на социјалните мрежи, а навлече само гнев (ВИДЕО)

За секаква осуда: Го стави кучето во машина за перење за популарност на социјалните мрежи, а навлече само гнев (ВИДЕО)

Аргентинката Тамара Ротман предизвика бес на социјалните мрежи затоа што поради популарност на Инстаграм и во надеж дека ќе добие повеќе следачи го стави кучето во машина за перење, пренесува Дејли Мејл.

На кратката снимка се гледа како преплашениот териер Коко, се приближува до стаклото и пробува да излезе, додека центрифугата му врти под нозете.

Овој гест предизвика бројни коментари, некои бараа да биде казнета поради малтретирање животни и ја нарекуваа глупа.

Тамара се бранеше дека машината не била вклучена и дека немала намера да му наштети на домашното милениче.