вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 80
home Занимливости

За да не доплаќа за багажот во авион, овој човек смисли како да ја намали тежината на куферот (ВИДЕО)

За да не доплаќа за багажот во авион, овој човек смисли како да ја намали тежината на куферот (ВИДЕО)

Џош Ирвин од Глазгов на својот Твитер профил поставил снимка од патување на кое тргнал со семејството, откако службениците на аеродромот на неговиот татко му рекле дека неговиот багаж е премногу тежок.

Момчето го снимило својот татко во моментот кога на себе облекува маици и кошули, за да ја намали тежината на куферот.

-Куферот ја надмина предвидената тежина, па мојот татко извади 15 маици и ги облече врз себе за да куферот има соодветна тежина, напиша Џош на Твитер.