понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 146
home Занимливости

YouTube ќе покажува помалку видеа со теории за заговор

YouTube ќе покажува помалку видеа со теории за заговор

Платформата YouTube соопшти дека ќе престане да препорачува толку многу видеа кои вклучуваат конспиративни теории и други лажни тврдења.

На овој начин компанијата се обидува да одговори на тековните критики, дека нејзините алгоритми помагаат во ширењето на дезинформации, пишува Wall Street Journal.

Видеа кои може да ги „дезинформират корисниците на штетни начини“, како оние кои тврдат дека Земјата е рамна или отвораат сомнеж за тоа кој стои зад терористичките напади од 11 септември, веќе нема да бидат препорачувани со ист интензитет.

Промените во алгоритмите се направени по години поплаки дека YouTube промовира теории на заговор.

Компанијата одамна тврди дека работи на тоа да се справи со проблемот во својата платформа, но така и немаше сериозен развој по случајот.

Видеоплатформата почна да нуди повеќе авторитентни извори на вести за големи настани по смртоносното пукање во Лас Вегас во октомври 2017 година, кога беа пуштени повеќе видеа со дезинформации.

Со најновите промени, проблематичните видеа сѐ уште може да се препорачаат, но не толку често како порано, велат од YouTube.

Луѓето од компанијата и надворешните експерти ќе помогнат да се одреди квалитетот на видеото и ќе ги научат системите кои видеа да ги промовираат понапред, во однос на другите, јави организацијата.

YouTube тврди дека таргетира видеа, кои не секогаш ги прекршуваат правилата на нејзината заедница, но се блиску до тоа. Помалку од 1 отсто од целата библиотека на YouTube паѓа во оваа нова категорија видеа „на граница“, велат од компанијата.

Коронавирус