среда, 30. септември 2020. Вести денес: 7
home Занимливости

Вработените скокнаа, родителите им ги затвораа очите на децата: Среде преполн салон на екраните пуштија порно-филм

Вработените скокнаа, родителите им ги затвораа очите на децата: Среде преполн салон на екраните пуштија порно-филм

Кога преку огромниот ТВ екран во познатата продавница за мебел се појави гол маж среде секс сцена, купувачите беа потполно шокирани.

Порно филм е пуштен на еден од екраните кој бил во излогот на продавницата, во еден трговски центар во Хонг Конг, така што на вработените им требаше време да реагираат зошто не забележаа дека нешто чудно се случува.

На снимката од овој инцидент се гледа потоа дека една од вработените кој не се снашла најдобро во решавањето на проблемот. Имено, таа наместо да го исклучи телевизорот или да го откачи кабелот, се обидела со пешкир да го покрие екранот.

Еден од очевидците рекол дека порно филмот траел неколку минути додека било кој изреагирал, така што малите деца многу се вознемириле додека родителите се обидувале да им ги покријат очите или да им го свртат вниманието на другата страна.

Портпаролот на хонгконшкото одделение на оваа компанија во чиј дуќан се случи инцидентот рече дека се извинува поради немилите сцени, како и дека во тек е истрага за тоа како можело тоа да се случи.

Се претпоставува дека порното е пуштено како „шега“ на некој хакер кој од надвор упаднал во системот.

Коронавирус