понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Занимливости

Возачите со тетоважа ќе мораат на психотестови!

Возачите со тетоважа ќе мораат на психотестови!

Тетоважите по телото, без разлика дали се изложени на јавност или пак се скриени се многу популарни во последно време. Но, таквата мода некаде носи и проблеми. Така во некои земји се залагаат ваквите лица да имаат посебен специјалистички психолошки тест од што ќе зависи дали на истите ќе им се дозволи да управуваат со автомобили.

За среќа ова не се однесува за Македонија, ниту пак некоја земја што е доста популарна за македонците кои ја бараат „ветената земја“. Ова се однесува за Иран каде имањето на тетоважи се смета за потсмевање со сопственото тело, што може да биде предзнак за душевни проблеми.

Иранците не ги одобруваат тетоважите и иако формално не ги забрануваат, на оние што ги имаат им поставуваат многу дополнителни тестови кога станува збор за кандидатите возачи.
“Тетоважите се еден вид траума. Луѓето кои си ги прават на себе може да страдаат од психијатриски проблеми”, тврдат претставници на иранската полиција.

Се смета дека тетоважите по телото се модно влијание од западот и ја поткопуваат иранската култура и вредностите на исламот. Но теоважите се се повеќе популарни меѓу младите Иранци.

Многу од нивните идоли сепак имаат тетоважи. Така на пример капитенот на иранската репрезентација во фудбал и напаѓачот на Нотингем Форест, Ашкан Дејага, на пример, има многу тетоважи и кога настапува во својата земја носи долги ракави за истите да не се гледаат.

Извор: 24auto.mk