недела, 16. јануари 2022. Вести денес: 100
home Занимливости

Вообичаена појава за зимскиот период: Еве како да се справите со сезонската депресија

Вообичаена појава за зимскиот период: Еве како да се справите со сезонската депресија

Пократкиот ден, намалената светлина и ниските температури се вистинска храна за зимската депресија. Иако кај повеќето луѓе симптомите на зимската депресија се јавуваат во поблага форма, кај некои се јавуваат во многу агресивна, па тие не можат да функционираат нормално.

Иако луѓето можат да западнат во депресија и во текот на летните месеци, сепак, сезонското афектно нарушување е вид на депресија што се јавува во одреден период од годината, најчесто во зима. Симптоми на ваквата сезонска депресија се чувство на безнадежност, зголемување на килограмите, претерана желба се спиење и одмор, друштвена изолација, нервоза, губење на енергијата и на желбата за работа и концентрација.

Што ја предизвикува депресијата, сè уште не е докрај разјаснето иако докторите многупати се имаат обидено да ги откријат причините. Пресудна може да биде генетиката, телесните циклуси, недостигот на одредени хормони во мозокот, како серотин или мелатонин, што објаснува зошто некои луѓе запаѓаат во депресивна и летаргична состојба, а други не. Додека кај некои луѓе причината е само една, кај некои се работи за сплет на околности и комбинација на повеќе причини.

Многу луѓе имале зимска депресија, но како минлива состојба, а има и такви што имаат многу посериозни проблеми. Добра вест е тоа што повеќето луѓе можат со соодветен третман да се справат со зимската депресија, вели психологот Вилијам Вегел од клиниката „Мајо“, кој смета дека со следниве трикови секој може успешно да се бори со зимската депресија.

Излезете надвор – ако работите во затворена просторија или канцеларија, обидете се на паузата за ручек да се прошетате околу зградата.

Светлосна терапија – светлото може да помогне да ви се поправи расположението.

Друштвеност – честите разговори со пријателите и семејството ја намалуваат зимската депресија.

Вежбање – редовното вежбање може да ви помогне успешно да се справите со депресијата. Најдобро е овие физички вежби да ги извршувате на отворено, па дури и кога е многу ладно.

Правилна исхрана – грижливо планирање на оброците и на меѓуоброците ќе ви овозможи постојана енергија, а со тоа и висока концентрација.

Коронавирус