сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

„Волт Дизни” има загуби од 175 милиони долари заради коронавирусот

„Волт Дизни” има загуби од 175 милиони долари заради коронавирусот

Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека претрпела загуби од 175 милиони долари заради затворањето на своите забавни паркови „Дизниленд” во Шангај и Хонг Конг. Двете тематски атракции беа затворени кон крајот на јануари заради епидемијата од коронавирус во Кина, соопшти главниот финансиски директор на компанијата, Кристин Маккарти.

-Сегашното затворање на парковите се случува во тримесечието кога вообичаено имаме зголемена посетеност и вработувања заради празнувањето на Кинеската Нова година, рече Маккарти за CNBC.

Според неа, точните загуби на компанијата ќе зависат од тоа колку долго парковите ќе останат затворени и за колку брзо време можат да ја обноват својата нормална работа.

Коронавирус