среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Во Виена живеат навивачи од сите земји учеснички на Мундијалот

Во Виена живеат навивачи од сите земји учеснички на Мундијалот

Репрезентацијата на Австрија не успеа да избори пласман на Мундијалот во Русија, но во главниот град Виена сигурно нема да биде многу тивко со оглед на податокот дека таму има жители од сите држави учеснички на СП.

Имено, според податоците на федералниот статистички институт „Статистик Австрија“ од 1,8 милиони жители на австриската престолнина, 246,783 од нив потекнуваат од една од 32-те земји учеснички на шампионатот.

Најмногу жители се српско потекло – 77.306 од нив, голема поддршка ќе има и Германија – 45,462 лица, со полско потекло се 42,555, Хрвати се 22,089. Најмалку фанови се со потекло од Панама – 11.

За време на средбата, Русија и Саудиска Арабија, на отворањето на СП, во Виена потенцијални навивачи на земјата домаќин се 15.593 Руси, додека на спротивната страна се само 308 луѓе.

Во Виена има 1.411 Португалци кои ќе навиваат за Роналдо, а Меси ќе има поддршка од само 200 фанови со потекло од Аргентина. Нејмар и „кариоките“ ќе ги бодрат 1.146 Бразилци кои живеат во Виена.

МИА