четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 241
home Занимливости

Во Шкотска пронајдена најстарата фосилизирана стоногалка

Во Шкотска пронајдена најстарата фосилизирана стоногалка

Фосилизирано суштество налик на стоногалка, беше откриено во Шкотска и е, можеби, најстарото познато копнено животно – скромен „пионер“ на земниот живот од пред 425 милиони години.

Според научниците, фосилот е од ерата наречена силур. Откриен е на островот Керера од шкотските Хебриди. Наодот е наречен „кампекарис обаненсис“ (kampecaris obanensis). Животното живеело околу езерата и се хранело со растенија во распаѓање.

И фосил на билката куксони, исто така – една од најстарите, е пронајден на ова подрачје.

Палеонтологот Мајкл Брукфилд од Унверзитетот на Тексас, е одговорен за трудот објавен во списанието „Хисторикал бајолоџи“. Тој вели дека кампекарисот е долг околу 2,5 сантиметра и наликува на денешните стоногалки, но му припаѓал на сега веќе изумрен вид кој не е нивни предок. Нозете на оваа древна членконога не се зачувани на фосилот.

Животот на земјата прво се развил во океаните, а суштествата почнале „да излегуваат“ од вода, од прилика, пред 540 милиони години.

Досега се веруваше дека првите копнени ‘рбетници – водоземците кои еволуирале од плитководни риби, се појавиле, најмалку, пред 375 милиони години. Тоа, главно, биле предците на денешните влекачи, птици и цицачи.

Парламентарни избори 2020