сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Занимливости

Во Русија секој шести работодавач го гледа хороскопскиот знак на потенцијалните работници

Во Русија секој шести работодавач го гледа хороскопскиот знак на потенцијалните работници

Секој шести сопственик на фирма односно 16 проценти од нив обрнуваат внимание на хороскопските знаци на кандидатите за работа, додека тоа го прават само пет отсто од вработените во службите за човечки ресурси, покажуваат резултатите од студијата изработена во Русија.

Според истражувањето, 75 проценти од работодавачите го земаат во предвид хороскопскиот знак при вработување на кандидатите за раководни места, 50 отсто при вработување на менаџери во канцеларија, а 45 проценти при вработување во секторите за продажба и услуги.

За секој петти сопственик на фирма или експерт за човечки ресурси хороскопскиот знак е важен при изборот на потенцијални работници во ИТ секторот, додека за 15 процети од нив е важен зодијакот при избор на работници во секторот маркетинг.

Во истражувањето учествувале над илјада претставници на руските компании, менаџери и директори на секторот за човечки ресурси во сите руски региони. (МИА)

Коронавирус