понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Во наредните три дена спектакл на небото- почнувајќи од денеска вреди да останете будни и да заминете далеку од градот

Во наредните три дена спектакл на небото- почнувајќи од денеска вреди да останете будни и да заминете далеку од градот

Метероскиот дожд на „персеидите“ оваа година ќе може да се забележи во ноќите помеѓу 11 и 13 август.

За време на најфреквентните моменти на дождот, НАСА очекува до 60 метеори на час кои ќе прелетаат низ ноќното небо.

За жал за оние кои ќе сакаат да го набљудуваат метеорскиот дожд, присуството на речиси полна месечина во овие ноќи може да го попpечи нивното искуство.

„Персеидите“ се исто така познати по тоа што произведуваат многу интензивни огнени топки, со што метеорскиот дожд е настан што вреди да се проследи.

Метеорски дожд е небески настан во кој зрачењето на голем број метеори се набљудува од една точка на небото. Овие метеори се предизвикани од струите на вселенските остатоци наречени метеороиди, кои влегуваат во Земјината атмосфера со екстремно големи брзини на паралелни траектории.

Повеќето метеори се помали од зрно песок, така што скоро сите од нив ќе се распаднат и никогаш нема да ја погодат површината на Земјата. Интензивни или невообичаени метеорски дождови се познати како метеорски испади или метеорски бури кои можат да содржат повеќе од 1000 метеори на час.