сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 63
home Занимливости

Во мраз на Тибетанската висорамнина откриени 33 замрзнати вируси досега непознати за науката

Во мраз на Тибетанската висорамнина откриени 33 замрзнати вируси досега непознати за науката

Научниците откриле 33 вируси замрзнати во парчиња под вечерн мраз, од кои повеќето, како што пишува списанието „Микробиом“, досега не се забележани и биле непознати за науката.

Група научници откриле прастари вируси замрзнати во два примерока мраз земени од Тибетската висорамнина. Пробите се земени 2015 година, а научниците сметаат дека вирусите се замрзнбале пред најмалку 14.400 години.

– Овие глечери настанале постепено, и заедно со правот и гасовите, многубројни вируси, исто така, останале во тој мраз, објасни Жи-Пинг Жонг, главен раководител и истражувач при Државниот универзитет во Охајо, односно „Бирд Полар“ Центарот за климатски истражувања

Кога истражувачите го анализирале мразот, откриле генетски кодови на 33 вируси. Од нив, генетскиот код за четири вируси покажал дека тие се од семејство вируси кои обично инфицираат бактерии. Останатите вируси беа нови, што значи дека никогаш порано не се идентификувани.

Научниците истакнуваат дека, најверојатно, вирусите не потекнуваат од животни или луѓе, туку од почвата или растенија. Според научните сознанија, околу половина од вирусите го преживеале мразот.

– Ова се вируси кои може да преживеат во екстремни средини. Овие вируси имаат генски белези што им помагаат да заразат клетки во студена средина, нагласи Метју Саливан, исто така автор на овие испитувања.

Саливан смета дека технологијата што сега се користи за проучување на микробите и вирусите во мразот ќе овозможи потрага по слични генетски низи во други екстремно ледени средини, како што е Марс.

Најнови вести

Коронавирус