сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 37
home Занимливости

Во април небото ќе го осветли розова супермесечина

Во април небото ќе го осветли розова супермесечина

Уште една розова супермесечина се подготвува да се појави на небото во текот на месец април, нешто повеќе од една година откако последниот ваков феномен ги воодушеви луѓето низ целиот свет.

Розовата полна месечина ќе биде видлива на зајдисонце на 26 април, пишува „The Old Farmer’s Almanac“.

Супермесечината е феномен кој се појавува кога полната месечина е најблиску до Земјата во нејзината орбита. Ова предизвикува месечината да изгледа особено голема и светла, поради нивното растојание.

Розовата супермесечина е првата и единствена полна месечина што ќе се случи во месец април. Таа се очекува да се појави на небото во понеделник, 26 април и да остане видлива и во текот на наредниот ден, 27 април, се вели во извештајот на „Mental Floss“.

Другите полни месечини кои ќе ги видиме во наредните месеци, ќе имаат свои особености како на пример „Цветна Месечина“ која се очекува да се појави на 26 мај, „Месечината јагода“ на 24 јуни или „Месечината на еленот“ на 23 јули…

Постојат уште многу небесни настани на кои ќе може да им се радуваме, но имаме време до тогаш, прво подгответе се за Розовата месечина овој месец.

Коронавирус