понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Внукот на Амди Бајрам доби „Порше“: Во џамија треба да се заколне дека нема да вози повеќе од 150 км/ч

Внукот на Амди Бајрам доби „Порше“: Во џамија треба да се заколне дека нема да вози повеќе од 150 км/ч

Габриел Бајрам, син на Амди Бајрам на својот профил на Фејсбук му го честиташе роденденот на  својот син, кому му подари „Порше“ и му порача да се заколне во џамија дека нема да вози над 150 километри на час.

„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина,

Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.

Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато,

Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто. Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба.

Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал. За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.

За овој 20-ти роденден, ти купив два подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов, а вториот е со услов.

Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега!

Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе, а сведок сакаме да е Алах.

Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете…

Сине се плашам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:

  1. Нема да возиш повеќе од 150 на час
  2. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење
  3. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг
  4. Ќе го почитуваш дадениот збор

Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој“, пишува во објавата на Фејсбук.

ЕУРО 2020

Македонија