среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 25
home Занимливости

Внимавајте во која положба спиете, не се сите добри за вашето здравје

Внимавајте во која положба спиете, не се сите добри за вашето здравје

Сите имаме омилена положба за спиење. Сепак, тоа не значи дека секоја положба е добра и за нашето здравје. Постојат три класични положби за спиење, но само една од нив е најдобра. Прочитајте која и зошто.

На стомакот

Ова е најлошата положба за спиење. Мускулите на главата, вратот, вилицата се згмечени, вкочанети се зглобовите на вилица, а исто така лоша е и положбата на долниот дел на грбот и карлицата. Замислете дека цедите мократа крпа, тоа е истото што му го правите и на вашите мускули во сонот. Исто така, доколку спиете на стомак не можете добро да дишете.

На грбот

Спиењето на грб е подобра опција, но овде најизразен проблем е дишењето. На овој начин вилицата се извртува, јазикот “пропаѓа” до грлото блокирајќи го воздухот. Оние луѓе кои спијат на грб најчесто имаат проблеми со грчење.

На страна

Најдбора положба за спиење е кога вашето тело е странично поставено на душекот, а уште подобро доколку имате добра потпора за главата. Од невролошка и мускулна перспектива, ова е најблагодарниот начин за спиење кој му прави добрина на вашето тело. Оваа позиција е добра и за варењето во дигестивниот систем, посебно доколку спиете на левата страна.

Доколку сте свесни дека сонот е од голема важност за менталната, телесната и емоционалната состојба, знаејќи дека не е важно колку долго спиете туку и колку квалитетно спиете, добро размислете за тоа во која положба ќе си легнете вечерва.