вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Внимавајте што спортувате може да се заразите со корона вирус, еве што препорачуваат лекарите

Внимавајте што спортувате може да се заразите со корона вирус, еве што препорачуваат лекарите

Пандемијата со корона вирусот не треба да ве спречи да водите здрав живот кој вклучува и спортски активности. Во одредена мера на претпазливост и мудро одбран спорт, тренирањето може да биде безбедно, а ќе бидете заштитени од зараза. Престојот надвор од дома е добар не само за физичко, туку и за ментално здравје. Убавото време искористете го на најдобар можен начин – вежбајќи. За да не го загрозите своето и здравјето на другите, тренингот испланирајте го во рамките на препораките на стручните лица. Тие се сложуваат дека корона вирусот полесно се шири во затворен простор каде има луѓе во непосредна близина. Времето поминато во контакт со други луѓе исто така ја зголемува можноста да се заразите. Колку контактот е поблизок и подолго трае, ризикот е поголем.

За да го намалите ризикот од зараза со Ковид 19 во текот на вообичаените летни активности, придржувајте се до следните три правила: држете социјална дистанца, носете маска и миете ги често рацете.

Шетање и трчање – активности со низок ризик

Исклучувајќи ги колективните случувања од натпреварувачки карактер на кој учествуваат голем број на луѓе, трчањето нема да ви го загрози здравјето. За да бидете безбедни, трчајте сами или во друштво на оние со кои сте биле во изолација (партнер или некој член од семејството). Сега секако не е прилика да стекнувате нови пријатели за џогинг, посебно затоа што со текот на разговорот вирусот може да се пренесе преку капки, дури и кога носите маска. Доколку стазата на која трчате е фрекфентна, потрудете се да бидете прописно одалечени од останатите учесници.

Возење велосипед – активност со низок ризик

Проучувајќи го вирусот, возењето на велосипед е поприличео безбеден спорт. Секако треба да избегнувате групно возење и со себе да носите маска. Ако набавите и актуелен моден аксесоар, маската нема да мора да ја носите цело време додека возите, тука само кога ќе бидете на места на кои има и други луѓе. Забрзаното дишење поради големата брзина го зголемува ризикот од инфекција, со што носењето маска во близина на други е неопходно. Исто така имајте во предвид дека изнајмувањето на велосипед го зголемува ризикот од зараза и дезинфекцијата во тој случај е многу важана.

Спорт и корона

Групни тренинзи на отворено – активност со среден ризик

Групните тренинзи на отворено каде може да практикувате социјална дистанца и да избегнувате контакт со лице во лице носи умерен ризик. Дали станува збор за јога, пилатес или нешто трето, ризикот да се заразите е поголем отколку да вежбате сами. Користењето на заедничка опрема како топка го зголемува ризикот за можна зараза. Доволно е по земањето на спортските реквизити да се допрете за лице со рацете и шансите да се заразите се големи. Докторите препорачуваат да избегнувате разговор и ракување со останатите вежбачи пред и после тренингот.

Капење на базен – активност со среден ризик

Капењето во јавните базени се смета за умерено безбеден спорт, се додека објектите се грижат за правилно хлорирање на водата, дезинфекција и социјална дистанца. Избегнувајте ги викендите и попладневните термини кога има поголема концентрација на луѓе. Не се движете боси, од лежалката до базенот движете се со папучи. По враќање дома, избришете ја обувките со дезинфекционо средство.

Контакни спортови – активност со висок ризик

Спортовите кои вклучуваат близок, диркетен, а посебно контакт лице в лице, сериозно го зголемуваат ризикот од преносот на корона вирусот. Такви спортови се кошарка, фудбал, ракомет, поради забрзаното дишење и големиот број на луѓе кои учествуваат во играта носи поголем ризик и треба да се избегнува.

Коронавирус