петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Занимливости

ВНИМАВАЈТЕ: Лажен Нетфликс краде податоци од банкарски картички

ВНИМАВАЈТЕ: Лажен Нетфликс краде податоци од банкарски картички

За нова шема за кражба на податоци од банкарски картички, алармира компанијата за безбедност Есет. За таа цел, тие ја користат популарната услуга за стриминг на филмови и ТВ серијали – Нетфликс.

Во поштенските сандачиња на клиентите на Нетфликс се појавуваат пораки кои повикуваат жртвите да ги внесат повторно своите податоци за пристап до услугата со објаснувањето дека настанал колапс.

Клиентите, кои не претпоставуваат дека станува збор за измама, можат да го следат понудениот линк кон лажна веб страница и да ги воведат повторно своите податоци, како и информациите од банкарските картички. Дури потоа тие се насочени кон вистинскиот сајт на Нетфликс.

За корисниците се изгледа веродостојно, но на крајот измамниците ги добиваат податоците од нивните банкарски картички и можат да ги украдат достапните во нив пари.

МИА

Коронавирус