недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

ВНИМАВАЈТЕ! Компирите можат да бидат ОТРОВНИ без да забележите со голо око

ВНИМАВАЈТЕ! Компирите можат да бидат ОТРОВНИ без да забележите со голо око

Компирите се храна која често ја оставаме во оставата, летната кујна подолго отколку што треба, па не е невообичаено да ги фрлите откако ќе забележите непријатен мирис. Но, има и такви кои ќе претпостават дека е доволно само да ја излупат кората, да ги отстранат црните дамки, за да бидат добри за јадење.

Експертите велат дека постои еден специфичен знак кој открива дека компирот повеќе не е добар за јадење, па дури и дека може да биде и опасен по здравјето.

Лесно е да се помисли дека треба само да ги отстраните од компирите за да се јадат, но – не сте свесни за проблемот. Според еден портал, зелената боја на компирот се појавува кога почнува да произведува хлорофил, што е природен процес. Кога ќе го забележите овој пигмент, тоа значи дека компирот исто така почнал да произведува соланин, компонента која штити од оштетување предизвикано од животни, инсекти, габи и бактерии. Тоа е токсин кој се наоѓа во компирот, а не само во зелените точки, а доколку е на повисоко ниво, може да биде опасен за луѓето.

Нивото на соланин е највисоко кај лушпите од компири, така што лупењето дефинитивно ќе отстрани дел од токсините (околу 30 проценти), но нема да го решите проблемот. Експертите не се сигурни колку точно оваа компонента треба да биде во компирот за да се разболите, но една студија покажа дека 0,6 милиграми на килограм тежина може да доведе до болести. Особено е важно таквите компири да се држат подалеку од деца кои имаат многу помала телесна тежина, затоа што можат посилно да ги почувствуваат последиците од труење со соланин.

Коронавирус