понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 100
home Занимливости

„Влезете“ во луксузната вила на Барбадос во која престојувал принцот Хари

„Влезете“ во луксузната вила на Барбадос во која престојувал принцот Хари

Луксузната вила на Барбадос, која ја посетувале луѓе како принцот Хари, сега е ставена на продажба и ќе ви биде потребна голема сума ако сакате да ја купите, пренесува “The Sun”.

Пролетната куќа се наоѓа на престижниот западен брег на Барбадос и засега нејзината цена е 35,4 милиони евра.

Бидејќи има 10 спални соби и панорамски поглед на Карипското море, не е ни чудо што имотот своевремено го привлекол принцот Хари таму да го мине одморот.

Тука војводата од Сасекс престојувал со принцот од Лесото, за да започнат поло куп во 2010-та година.

Ако мислите дека местото ви изгледа познато, тогаш сигурно сте го виделе во емисијата X Factor во текот на претходните години, кога ја користел Сајмон Кауел.

Други значајни гости биле Елтон Џон, Никол Кидман и Хју Грант. Кога подобро ќе ја погледнете куќата, не е тешко да сфатите зошто големите ѕвезди го сакаат ова место. Оваа куќа е една од најголемите на Барбадос.

Дизајнирана од корален камен, куќата е преполна со природна светлина, додека ветровите пријатно струјат и го разладуваат домот.

Во главната куќа има 7 соби, а постојат и три гостински куќички во приземјето на куќата.

Ова место има врвен фитнес центар и кујнски простор. Вилата ја окружува простран двор, базен, хидромасажна када и приватна скриена плажа.

извор:точка.ком.мк