петок, 30. септември 2022. Вести денес: 178
home Занимливости

Вистинско чудо од бебе: Девојче родено само со 400 грама (ФОТО)

Мануши е најмалото новороденче во Азија и едно од најмалите бебиња на светот. Се родила на 15 јуни со царски рез откако на мајката и се покачил притисокот.
Вистинско чудо од бебе: Девојче родено само со 400 грама (ФОТО)

Бебето Мануши, кое при раѓањето тежело само 400 грама и било долго 21 см, по шест месеци пуштено е днома.

Мануши е најмалото новороденче во Азија и едно од најмалите бебиња на светот. Се родила на 15 јуни со царски рез откако на мајката и се покачил притисокот.

Девојчето е родено се недоволно развиени белли дробови и не можело ведаш самостојно да диши. Нејзината кожа била претанка, органите неразвиени, а нејзините минијатурни стапала биле помали од прстот на нејзиниот татко. Шансите да преживее биле минимални, но Мануши наскоро почнала да добива на тежина.

„Таа е наше чудо. Се бореше и бореше иако немаше шанси и успеа“, вели мајката Сета.

Во Индија и јужна Азија не е забележан случај на преживување толку мало бебе.

-Кога се роди не знаевме што да очекуваме. Се бореше да дише и ја ставивме на респиратор за да и се прошират белите дробови. Нејзините црева не беа доволно развиени па не можевме соодветно да ја нахраниме, вели неонатологот и директор на болницата Сунил Јангед.

По седум недели почнале да ја хранат со млеко, а 210 дена подоцна отпуштена е од детската болница.

Лекарите велат дека структурата на нејзиниот мозок е нормална и дека очите и се развиваат како што треба.

-Одлучивме да го спасиме животот на бебето и и пруживме соодветна грижазатоа што сакавме да пратиме порака до светот дека женско дете мора да биде заштитено, Во држава како Раџастан во која чедомоството на женските деца е често, мораше да направиме чекор напред за да пречиме таа грозна пракса, вели д-р Јангед.

Инаку, најмалото бебе кое преживеало е Емијила Грабарчик родена 2015 година во Германија, која при раѓањето тежела само 229 грама.

Најнови вести

Коронавирус