петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Занимливости

Вино испратено во Вселената, ќе се проучува како созрева

Вино испратено во Вселената, ќе се проучува како созрева

Неколку десетици шишиња врвно француско вино во саботата беше испратено на Меѓународната вселенска станица, но тоа нема да биде наменето за астронаутите, туку во научни цели – ќе се проучува како виното созрева во Вселената.

Црвеното Бордо ќе остане една година на ИСС, доволно да се согледа како бестежинската состојба и вселенската радијација влијаат на созревањето на виното. Целта, меѓу другото, е да се развијат и нови вкусови и својства во оваа гранка на прехранбената индустрија.

Во ова истражување учествуваат универзитетите на Бордо и Баварија.

По враќањето на Земјата, виното ќе се спореди со тоа што било отстоено во земни услови.

Тоа е првата од шесте вселенски мисии планирани наредниве три години.