петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 44
home Занимливости

Видови туризам кои не се за секој: Дали би се осмелиле? (ВИДЕО)

Видови туризам кои не се за секој: Дали би се осмелиле? (ВИДЕО)

Најновиот документарен филм на Нетфликс посветен на мрачниот туризам и истражува дестинации кои промовираат смрт, уништување, катастрофа и трагедија.

Мрачниот патопис е прикажан премиерно на 20. јули, а осумте епизоди од првиот серијал се посветени на региони во САД, Европа, Латинска Америка, Јапонија, Казахстан и Туркменистан, Африка и Југоисточна Азија.

Новозеландскиот новинар Дејвид Фариер во секоја нова епизода истражува по неколку локации со бизарни туристички атракции. Некои од нив се многу необично, како оние за подготовки за крај на светот, втори кои се посветени на сериски убијци, а некои се навистина опасни и ентузијасти се излагаат на радијација и тортура.

Додека едни се воодушевени со новиот патопис на овој новинар, други сметаат дека појавувањето на платениот убиец на Пабло Ескобар како водич и индонезиски ритуал на ископување лешеви е непримерно за гледање.