Занимливости атракција

ВИДЕО: Во Шангај отворен првиот забавен парк „Леголенд“

Паркот е изграден од околу 85 милиони „Лего“ коцки, популарни играчки од Данска.

ВИДЕО: Во Шангај отворен првиот забавен парк „Леголенд“

Во Шангај беше отворен првиот забавен парк „Леголенд“ (Legoland) во Кина, што го прави еден од 11-те во светот.

Паркот е изграден од околу 85 милиони „Лего“ коцки, популарни играчки од Данска.

Една од најголемите атракции за посетителите е „Миниленд“, збир на модели на познати светски згради и споменици направени од истите коцки, а во Шангај има познати кинески споменици како што е Храмот на небото во Пекинг.

Лего го разви паркот заедно со властите во Шангај, а посетителите беа пречекани од луѓе преправени во ликови од Леголенд.

Билетите чинат помеѓу 40 и 70 евра.

To top