сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 53
home Занимливости

ВИДЕО: Тој има 2, таа 99 години и се најдобри пријатели – Корона карантинот создаде искрено пријателство

ВИДЕО: Тој има 2, таа 99 години и се најдобри пријатели – Корона карантинот создаде искрено пријателство

Две годишно момче и неговата 99 годишна сосетка станале најдобри пријатели за време на неколку месечниот карантин поради Ковид-19. Мери О’Нил и Бенџамин Олсон се соседи, а кога најголем дел од луѓето мораа да се изолираат од своите семејства и пријателите, тие почнале редовно да се дружат во дворот поделен со ограда.

-Повеќе од една година Бенџамин не виде други деца. Немаше контакт со никого освен со семејството и Мери. Тие создадоа неверојатно силна врска, изјавила мајката на момчето, Сара Олсон.

Пријателството со Бенџамин ја радувало Мери која наскоро ќе го прослави својот 100 роденден. Пред 37 години го изгубила сопругот, а сега ужива во друштво на малото момче. Нејзините внуци и правнуци живеат во други американски сојузни држави.

Од почеток на момчето му мавтала преку прозорецот, а тогаш почнала да излегува од куќата за да го поздрави. На крај тоа се претворило во редовни дружења крај оградата која ги двои нивните дворови.

За време на топлите месеци тие седат на скали и дуваат балони од сапуница. Мери на Бенџамин му дала и кутија со играчки кои му припаѓале на нејзиниот починат син.

-Понекогаш знае да стане, да земе песок во рака или камен и да ми ги даде како подарок. Поради него се чувствувам добро, изјавил Мери која момчето и неговиот брат ги смета за „најблиски внуци“.

Мајката на Бенџамин заклучува дека Мери е неговата вистинска прва најдобра другарка.

Коронавирус